×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • “Спа Дивајн“ со бесплатна сауна за дамите

    12.02.2013 10:20 | KumanovoNews

     Салонот за убавина “Спа Дивајн“ организира акција за бесплатна сауна.

    “Спа Дивајн“ со бесплатна сауна за дамите

    Во сабота од 16 до 20 часот сите жени можат ги почувствуваат благодетите на бањата на пареа, ако предходно се пријават на телефонскиот број 439 282.

    Со оваа акција сакаме да се одолжиме на нашите сограѓанки за укажаната доверба во изминатиот период. Сауната има големо значење за убавината на телото, а го ослободува организмот од стрес. За сите кои досега немале можност да почувствуваат блaгодет од третманот во бањата на пареа, нека се јават- вели Ивана Маневски, сопственичка на “Спа Дивајн“.

    Истовремено, “Спа Дивајн“ по повод празникот на жената 8 март за сите дами нуди попусти и гратис третмани на лице со врвна италијанска козметика “комфорт зоне“.

    Ние сме единствени во Куманово што работиме третмани со овошни и зеленчукови киселини и тоа е многу актуелно зимава. Овие киселини го избелуваат лицето, го прават помладо, посвежо. Третманите се и за помлади и за повозрасни жени. Има и третман со калоген, тоа е претежно за постари жени - вели Маневски.

    “Комфорт зоне“ е козметика која е докажана на светскиот пазар, постојано е во подем, богата со витамини и антиоксиданси, помага за оддржување и негување на лицето.

    Во пресрет на празникот на жената, најреномираниот салон за убавина во градот, покрај редовните услуги нуди и голем број изненадувања за сите посетители.