×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Спасовски: Идниот претседател на СДСМ ќе биде Димитар Ковачевски

    06.12.2021 22:16 | Сузана Николиќ

    Идниот претседател на СДСМ е мојот сограѓанин Димитар Ковачевски, и оттука од мое Куманово упатувам силна порака - убеден сум дека одговорно и посветено ќе ја води партијата и со новото раководство ќе го осигура континуитетот на успешните политики и ќе продолжи да го гради општеството со социјалдемократски вредности, едно општество за сите наши граѓани, затоа што СДСМ постои за граѓаните и работи пред се’ за доброто на општеството, порача министерот за внатрешни работи и потпретседател на СДСМ Оливер Спасовски на промоцијата пред сопартијците во Куманово.

    Спасовски: Идниот претседател на СДСМ ќе биде Димитар Ковачевски

    Тој ги повика кумановци на 12 декември да гласаат за Димитар Ковачевски за нов претседател на СДСМ, а на Димитар му порача да биде најмалку како што беше Зоран Заев за Куманово.

    „Целта е јасна и единствена - партијата да ги реализира ветувањата, да работи и да го унапредува животот на граѓаните, а за тоа мора да сме обединети и многу да работиме. Токму затоа промените почнуваат од секој поединец, но само заеднички, одговорно и посветено можеме да продолжиме со успешните социјални политики, да ги унапредуваме социјалните права, да продолжиме да ги покачуваме платите и да ја намалуваме невработеноста, да реализираме капитални проекти, да привлечеме странски инвестиции, да го реформираме системот и да го подобриме севкупниот живот на граѓаните“, порача Спасовски.