×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Спасовски поднесе оставка од потпретседателската функција во СДСМ

    27.12.2021 14:29 | Сузана Николиќ

    Министерот за внатрешни работи и потпретседател на СДСМ Оливер Спасовски утрово поднел оставка од функцијата потпретседател во партијата, а вечер ќе учествува на седницата на Централниот одбор на партијата.

    Спасовски поднесе оставка од потпретседателската функција во СДСМ

    Спасовски денеска на брифинг со новинарите рече дека претходно најавил дека новиот мандатар кој вечер треба да биде предложен и избран од партијата треба да си состави нов тим.

    Спасовски рече дека 28 години се вложил во партијата и најави дека после 1 јануари ќе каже дали ќе остане во владиниот тим.

    Седницата на Централниот одбор на СДСМ е најавена за вечер со почетокот во 19 часот во седиштето на партијата и се очекува новиот лидер на партијата Димитар Ковачевски и официјално да биде потврден како кандидат за нов премиер, како и да се гласа и за избор на нови потпретседатели, генерален секретар и Извршен одбор на СДСМ.