Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска присуствуваше на мултиетничко празнување на големиот христијански празник Бадник, кое го организираше Средното училиште „Киро Бурназ“ во Куманово .
На прославата учениците кои посетуваат настава на македонски јазик беа домаќини на врсниците кои посетуваат албански наставен јазик, со цел да ги споделат своите обичаи, култури и традиции, и да празнуваат заедно во духот на почит и меѓусебно разбирање. Вакво дружење се организира и за време на муслиманските празници.
„Бадник е време кога се потенцираат вредностите на мир, љубов и хармонија. Нашето мултиетничко дружење ја отсликува оваа порака на младите луѓе кои потекнуваат од различни верски и етнички позадини, а кои заедно празнуваат и ги споделуваат најубавите аспекти на своите култури”, истакна министерот Спасовски, додавајќи дека настанот е дел од проектот „Безбедни училишта“, кој по 13-ти пат успешно се реализира од страна на Отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи Куманово, во соработка со локалните училишта.