×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Спасовски:Центарот во Битола е провокација и нема да придонесе за подобрување на односите со Бугарија

    20.04.2022 19:51 | Жаклина Цветковска

    Она што се случи во Битола со отворањето на Центарот, кој го носи името на соработник на Хитлер, фашистичкиот окупатор, за мене е неприфатливо и претставува провокација која никако нема да придонесе за подобрување на односите меѓу двете земји, ниту пак ќе ја подобри климата во Бугарија или во РСМ, истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, при денешната посета на Општата болница Куманово.

    Спасовски:Центарот во Битола е провокација и нема да придонесе за подобрување на односите со Бугарија

    Спасовски посочи дека е познат ставот на Владата преку принципиелни разговори да се дојде до решение за она што е македонски национаен интерес, а тоа е членство во ЕУ.

    „Цврсто стојам на ставот дека нашата земја е никната практично од НОБ и тие придобивки ги почитувам максимално. Борбата против фашизмот во тоа време е придобивка која ние и идните генерации треба да ја почитуваме и негуваме за да не ни се врати ништо од она што беше погубно за целиот свет“, рече Спасовски.

    Тој ги повика сите политичари да се свртат кон иднината, затоа што е важно кога ќе се разговара и ќе се носат одлуки да се носат за идните генерации и да не се загрозува ништо од она што досега го имаме.