Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Српскиот културно информативен центар „Спона“, ја организира традиционалната хуманитарна акција „Подари радост“ за собирање на новогодишни пакетчиња во Куманово.
Акцијата започнува денеска и ќе се одвива во „Градската пивница“, каде ќе бидат поставени донаторски кутии.
„Благодарение на нашите пријатели и оваа година хуманитарната мисија на „Спона“ ќе биде во Куманово. Сите граѓани коишто сакаат да ја поддржат нашата акцијата своите донации во парични средства или новогодишни пакетчиња можат да ги остават во угостителскиот објект „Градска пивница“ во центарот на градот“, велат организаторите.
Акцијата може да се помогне и со повик или праќање на СМС пораки на хуманитарните броеви на СПОНА: 143143 (T-mobile) и 143123 (А1)
Оваа хуманитарна акција се организира по 10 пат, а минатата година биле поделени дури 1.118 пакетчиња на деца од ранливите семејства во државата.