×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Спречен обид за кријумчарење на 53 мигранти од Индија и Куба

    28.12.2021 20:27 | Сузана Николиќ

    Полициски службеници од Одделот за гранични работи и миграции спречиле обид за кријумчарење на 53 мигранти кои
    биле сместени во Транзитниот центар „Табановце“.

    Спречен обид за кријумчарење на 53 мигранти од Индија и Куба

    Мигрантите биле пронајдени во товарно возило „ман“ со полуприколка „шмитз“, кое го управувал А.Ќ.(39) од с. Стојаково, гевгелиско, кој е лишен од слобода.

    Според МВР, на 27.12.2021 година, во 22.00 часот, на наплатната станица „Романовце“, полициските службеници од Одделот за гранични работи и миграции при контрола на товарното возило, кое сообраќало од Куманово кон Скопје, пронашле 53 лица - мигранти, од кои 34 лица од Индија и 19 лица од Куба.

    Исто така, при контролата било утврдено дека на влекачот и полуприколката биле поставени регистарски таблици кои припаѓаат на други возила.

    Возачот А.Ќ. бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

    По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.