×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Срамно: Годинава нема Ноемвриска награда

    08.11.2013 14:46 | KumanovoNews

     Членовите на Комисијата за награди и признанија се скарале кој од предложените поединци и фирми да добие награда, по што одлучиле да се стават во улога на хуманитарна организација.

    Срамно: Годинава нема Ноемвриска награда

    Ноемвриската награда, највисокото општинско признание, годинава нема да биде доделена.  Членовите на Комисијата за одбележување на празници и манифестации и доделување на награди и признанија, одлучиле дека никој не ја заслужил наградата од седумте предложени кандидати и сретствата од 100.000 денари ќе ги дадат во хуманитерни цели.

    Од поднесените апликации, сите беа издржани и квалитетни, навистина можеше да се направи добар избор, но оваа година Комисијата водена од хумани причини одлучи да му предложи на Советот на Општина Куманово фондот на средствата предвидени за Ноемвриските награди, со одлука да ги пренамени во интерес на нашите сограѓани со попреченост. Се надеваме дека ваквиот наш предлог ќе даде придонес оваа категорија на наши сограѓани полесно да ги задоволат своите секојдневни потреби - се вели во соопштението на комисијата.

    Од комисијата во соопштение им се заблагодарија на кандидатите кои конкурираа за наградата.

    За Ноемвриска награда годинава имаше пристигнато седум предлози.

    Неофицијално дознаваме дека причина за недоделување на Ноемвриската награда не се хуманитарни побуди, туку членовите на Комисијата не можеле да се договорат кој да ја понесе наградата. Еден од советниците го напуштил состанокот, по што останатите се договориле да нема наградени.