Мени

Србија од четврток ги укинува ПЦР тестовите за македонските граѓани

12.01.2021 10:34 | KumanovoNews

Од четврток, Србија го укинува задолжителниот ПЦР тест за влез во земјата за македонски граѓани.

Србија од четврток ги укинува ПЦР тестовите за македонските граѓани

„Премиерката Ана Брнабиќ го информираше премиерот Зоран Заев дека од четврток, 14 јануари, Република Србија ќе го укине задолжителниот ПЦР тест за влез во Србија за граѓаните на Северна Македонија, со што повторно ќе се обезбеди реципроцитет и обострана непречена комуникација меѓу граѓаните на двете земји“, - соопшти Владата.

Од денеска и Црна Гора ги укинува ПЦР тестовите за влез во државата.