Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Обединетата српска заедница Куманово, Колото на српските сестри, здружението "Свети Сава" и Здружението на Србите за единство годинава заеднички ја одбележуваат 621 годишнина од битката на Косово.По тој повод прославата на празникот Видовден ќе се реализира со повеќе активности од световен и духовен карактер.
Оваа година со неколку навладини организации заеднички го прославиме празникот Видовден. Се потсетуваме на овој значаен датум во српската историја и одаваме почит на паднатите борци. Ги повикувам сите Срби во Куманово и останатите наши сограѓани да ни се приклучат во празнични активности - рече Часлав Јовановиќ, претседател на Обединетата српска заедница Куманово.
Утре вечер во холот на Центарот за култура „Трајко Прокопиев„ со почеток во 19 часот е органиозирана "Поетска вечер".
На 25 јуни во МКЦ "Козјак" во 19.30 часот, концерт ќе одржи Културно-уметничкото друштво "Копаоник" од Лепосавиќ, а најавено е и учеството на пеачката на изворните народни песни Светлана Стевиќ.
На 28 јуни во 10.00 часот ќе се одржи помен на паднатите косовски борци во црквата „Св.Тројца„, а во тек е традиционалниот фудбалски турнир „Видовден 2010„ на терените на спортскиот центар „Кеј„ што ќе трае до 28 јуни.