Среда неработен ден за католиците
24.12.2013 09:48
| KumanovoNews
Првиот ден од католичкиот Божиќ ќе биде неработен за католиците.

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на Република Македонија, 25 декември 2013 година (среда), првиот ден на Божиќ е неработен ден за граѓаните од католичка вероисповед во Република Македонија.
Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од католичка вероисповед во Република Македонија им го честита празникот Божиќ.