“Средба на генерации„ за Св. Трифун и Св. Валентин
11.02.2014 11:59
| KumanovoNews
По повод празниците Свети Трифун и Свети Валентин задутре во 11 часот во просториите на Црвен Крст ќе се оддржи „Средба на генерации“.

Членови од Здружение на пензионери Куманово ќе се претстават со културно - уметничка програма и ќе изведат дел од претставата “Р“. “Средба на генерации“ традиционално се оддржува неколку години по ред при што пензионерите се дружат со младите од Црвен Крст.