Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Од Државниот просветен инспекторат, вчера им предочиле на учениците дека ако не се вратат на редовна настава, ризикуваат да останат без дипломи.
Во средните училишта во Куманово денеска се изведува минимум настава, соопштуваат од Средношколскиот пленум.
На ваков чекор учениците се решиле откако вчера биле опоменати од Државниот просветен инспекторат, дека ако бојкотот продолжи, ризикуваат да останат без дипломи.
“Денеска има кворум на часови, и се изведува минимум настава со скратени часови, колку да бидат заведени. Бојкотот не е целосно стопиран, туку е во поблага форма. Ни кажаа од Државен просветен инспекторат дека ако бојкотираме може да останеме без диплома. Ние денеска ќе одржиме состанок и ќе видиме дали тоа реално е можно“- велат од Средношколскиот пленум.
Кумановските средношколци три дена целосно бојкотираа настава за да се укинат лошите реформи во образованието и да не се полага математика на државна матура.