×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Средношколците од „Перо Наков„ не сакаат да учат во сабота

    13.02.2015 10:16 | KumanovoNews

    Кумановските средношколци потпишале петиција со која бараат изгубените часови за време на штрајкот на просветарите, да не се одработуваат во сабота.

    Средношколците од „Перо Наков„ не сакаат да учат во сабота

    Тие апелираат надлежните да најдат поинакво решение кое ќе биде прифатливо за сите.

    “Ние учениците од средните училишта од Куманово чувствуваме потреба да изразиме револт, во врска  со донесената одлука од страна на Министерство за образование, за одработување на  деновите од  штрајк. Незадоволни од  донесената одлука сметаме дека треба да се изнајде решение кое ќе биде од  корист за двете страни. Во врска со овој проблем, ние направивме петиција на ниво на целата општина. Ние учениците не сакаме да ги одработуваме  предвидените саботи. Време е да се чуе и нашиот  глас“ - велат ученици од “Перо Наков“.

    Штрајкот на наставниците траеше 11 дена и часовите ќе треба да се одржуваат во саботите.