Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Од Средношколскиот пленум денеска побараа од Министерството за образование да го врати стариот модел на полагање државна матура.
Тие сметаат дека екстерното тестирање не го покажува реално знаењето на ученикот, и треба да се стави во мирување.
Враќање на стариот модел на државна матура. Сметаме дека двојниот метод за полагање на државна матура, не е потребен за проверка на нашето знаење и не оди во прилог на времето потребно за подготовка на државен испит. Стравуваме дека техничките грешки кои се случија на екстерно тестирање, може да се повторат и на електронскиот дел од државна матура. Упатуваме јавен и добронамерен апел до сите средношколци, да се огласат и да земат учество во реализирањето на вонучилишните активности. Правото на бојкот ни е загарантирано со Устав и никој не може да ни го оспори - изјави Никола Крстевски, член на Средношколски пленум.
Учениците ги образложија своите барања, и повторија дека бојкотот ќе продолжи се додека не среднат на заедничка маса со надлежните од Министерство за образование за да преговараат. Тврдат дека имаат поддршка од професорите, кои им сметаат дека треба да бидат поорганизирани и истрајни.
Во Куманово наставата се бојкотира трет ден по ред. На ниво на држава освен кумановските, настава бојкотираат девет скопски, три тетовски, охридски, струмички училишта, едно во Велес и две училишта во Битола.