×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Средното училиште „Киро Бурназ“ го одбележа Светскиот ден на храната под мотото “Водата е живот, водата е храна“

    16.10.2023 14:29 | Оливера Пешевска

    Со презентација на  храна и  декорации од разни производи изработени од учениците,  средното училиште Киро Бурназ од Куманово го одбележа 16 Октомври-Светскиот ден на храната, со јавен настан  во Центарот за култура.  

    Средното училиште „Киро Бурназ“ го одбележа Светскиот ден на храната  под мотото “Водата е живот, водата е храна“

    Традиционалната манифестацијата се одржува веќе 8-ма година по ред, во организацијата на  учениците и наставниците од земјоделско-ветеринарната и хемиско-технолошката струка на училиштето.

      Ова година мотото е “Водата е живот, водата е храна“,а како што беше потенцирано, овој ден е посветен на сите гладни, непознати пријатели ширум планетата.

       „Зголемувањето на бројот на популацијата, урбанизацијата, економскиот развој и климатските промени нагло ја зголемуваат потрошувачката на водата. Истовремено, поради нерационално користење ресурсите на свежа вода за секој поединец се намалени за 20 насто во последната декада.Бидејќи не можеме да функционираме без вода, наша одговорност е да ја зачуваме водата која веќе ја имаме“, истакна директорката на „Киро Бурназ“,  Весна Трајковска.

    На настанот бeа испратени и пораки за правилна и здрава ихрана, како  еден од најважните проблеми на секој современ човек.

    „Пораките на светскиот ден на храната се : Ј адете повеќе свежа храна, намирници кои бараат помалку вода за производство, штедете вода и намалете го расипувањето на храната. Не ја загадувајте водата,купувајте облека од природни материјали, штедете енергија,информирајте се за акции во врска со водата и чистете ги реките, езерата и мочуриштата“, ја потенцираше темата ученичката во прва година Сања Златковска.

    На штандовите поставени во фоајето на Центарот за култура можеа да се забележат сирови земјоделски производи, преработки во вид на џемови, слатка, мармелади,но и пекарски производи и колачи изработени од учениците на истоимената струка. Беа претставени и практичните активности со кои учениците се занимаваат како дел од образовниот процес.

    Во рамките на мотото “Водата е живот, водата е храна“, и раководителката за бизнис врски и маркетинг во училиштето,  Данијела Митиќ  порача дека водата е двигател на човекот, природата и  економијата и дека не треба никого  да оставиме без вода и.храна.