Српската странка избра раководство во Куманово
08.07.2014 07:55
| KumanovoNews
Ивица Алексиќ е претседател на општинскиот одбор на Српската странка во Куманово.
Секретар на огранокот е Дане Николиќ, а благајник Александар Гелиќ. Раководствоте беше избрано во недела на Општинската конференција што се одржа во Куманово, а со која претседаваше лидерот на партијата Мирослав Јовановиќ.
На конференцијата беа избрани и партиските тела, централен и надзорен одбор и судот на честа. Изборот на раководството го извршија делагати од месните одбори на Куманово.