Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Ученици кои го изучуваат српскиот јазик во состав КУД „Српски вез“, викендов учествуваа на фестивалот на кусиот расказ „Причам ти причу“, кој го организираше Здружение на граѓани за чување и негување на српскиот јазик и ќирилично писмо „Азбука срб“ од Скопје.
Во одлична атмосфера своите литературни творби ги претставија учениците од Скопска Црна Гора, Тетово, Куманово и Скопје.
„Целта на овој фестивал е зачувување и негување на српскиот јазик и презентирање на кратки литературни форми на децата од разни средини“, велат организаторите.
Своите раскази на тема „Причам ти шаљиву причу“ ги презентира Памела Ристиќ, Леона Јаневска, Милица Момевска, Софија Илиевска, Ружица Николиќ, Мелани Бранковска, Ана Стефковић, Ана Спасовска, додека нивните другарчиња го следеа настанот од публиката.
По завршување на фестивалот учениците со своите ментори прошетaa низ центарот на Скопје.
Настанот се одржа во Скопје, во Салонот 19 19, со строго почитување на мерки за заштита од ковид-19.