Штафетни игри за основците
Во салата на ОУ “Крсте Мисирков“ вчера, волонтерите на Црвен Крст организираа штафетни игри за деца од сите основни училишта во градот.

Ова е дел од проектот за промоција на хумани вредности, “Од спортот за спортот“. Вклучени се десет основни училишта, сите училишта од Куманово. Има фрлање на кош, скокање јаже, фрлање ѓулиња и скокање обрач. Имаме категорија за женски и машки. Претходно не е правен ваков проект, сакаме да ги зближиме училиштата, да има дружење меѓу основците. Има голем интерес, од сите училишта имавме позитивен одговор, учениците се забавуваат - вели Марија Јовановска, лидер на млади во Црвен Крст.
Таа се надева дека штафетните игри ќе прераснат во традиција и ќе се организираат и следната година.