×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Зградите на „Тоде Думба“ од вчера без вода, работници додека местеле бекатон плочки го оштетиле главниот вентил

    13.03.2024 15:12 | Оливера Пешевска

    Речиси 24 часа без вода за пиење останале станарите во зградите на улицата „Тоде Думба“, бидејќи работниците кои местеле бекатон плочки го оштетил главниот шибер вентил, по што ја затвориле водата без да ги известат надлежните во ЈП „Водовод“ Куманово.

    Зградите на „Тоде Думба“ од вчера без вода, работници додека местеле бекатон плочки го оштетиле главниот вентил

    Станари од зградите кажуваат дека додека работниците го рамнеле теренот со механизација го скршиле вентилот и се создал вистински гејзир, по што го затвориле дотокот на вода.

    На улицата истекла голема количина вода, која завршила во атмосферската канализација и пониските точки во населбата. 

    „ Вчера од 15 часот немаме вода, децата ми донесоа неколку шишиња, колку да имам за пиење и најосновни потреби. Но веќе сме нетрпеливи и постојано поминуваме, загледуваме, прашуваме кога ќе дојде водата“ истакнува 80-годишниот станар Ц.А.

    Од ЈП „Водовод“ велат дека интервенцијата доцни затоа што работниците на фирмата изведувач, своеволно го затвориле шиберот, без да ги алармираат надлежните служби во градот. 

    „До нас нема известување за дефект на водоводна мрежа, туку било пријавено вечерта од граѓаните. Значи повеќе од 5 часа подоцна, затоа и не излеговме навремено за интервенција и санирање на дефектот. Од утринава оперативните екипи се на терен и се работи на отстранување на дефектот, но оди малку потешко затоа што се работи за салонитна цевка. Секако дека остануваме на терен се додека не се разреши ситуацијата и не се нормализира водоснабдувањето“, изјави Оливер Стојмановски, директор на ЈП „Водовод“ Куманово.

    Пред десетина дена се започна со бекатонирање на паркинг просторот пред зградите на споменатата локација. Минатата недела таму беше предизвикан пожар во подрумски простории.