Старите компјутери да се донираат за загрозените
27.06.2014 08:31
| KumanovoNews
Граѓаните и компаниите кои имаат застарени компјутери можат да ги донираат за ранливите категории преку проект на Министерството за информатичко општество и администрација.

ИТ- компаниите ќе обезбедат бесплатно репарирање и подготовка на опремата за натамошно користење. Со овој проект ќе се намали дигиталниот јаз меѓу оние кои имаат и оние кои немаат компјутер.
Сите заинтересирани за вклучување во овој проект можат да се пријават од 1 јули на [email protected] како и во локалните канцеларии на Министерството за труд и социјална политика.