×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Старо Нагоричане ќе се збратими со романската општина Свинита

    03.06.2015 11:55 | KumanovoNews

    Општина Старо Нагоричане ќе се збратими со општината Свинита од Република Романија.

    Старо Нагоричане ќе се збратими со романската општина Свинита

    Ова е договорено при неодамнешната посетата на делегации од општините Старо Нагоричане и Пробиштип на Романија, на иницијатива на амбасадорот на Македонија во оваа земја, Панде Лазаревски.

    “За време на посетата е потпишан меморандум за збратимување меѓу Пробиштип и Анина и општина Старо Нагоричане и Свинита. Самиот акт на збратимување ќе биде потпишан при посетата на делегацијана Свинита во Република Македонија во август оваа година. На средбата стана збор за подобрување на соработката помеѓу општините во областа на образование, култура, учество во заеднички проекти финансирани од ЕУ, економијата и поврзување на бизнис сектор“ - велат од општина Старо Нагоричане.

    Делегациите од Старо Нагоричане и Пробиштип ги посетија романските општини Анина, Молдова Нова и Свинита.