×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Стартува проект за лицата со интелектуална попреченост

    17.09.2012 06:53 | KumanovoNews

     Утре во 11 часот во просториите на “Порака наша“ свечено ќе бидат предадени во употреба доградените простории во Центарот  и ќе започне со реализација проектот за вклучување на лицата со интелектуална попреченост во заедницата.

    Стартува проект за лицата со интелектуална попреченост

    Преку проектот овие лица треба да се интегрираат во заедницата и да стекнат животни вештини. Опфатени ќе бидат лицата со умерена и тешка интелектулна попреченост, а ќе се работи на: адаптирање на дворното место во простор за работа на отворено, развивање на еколошка свест, водење здрав живот, совладување на спортски, социјални вештини, градинарство, овоштарство, цвеќарство и друго.

    Проектот го спроведува Здружението Регионален центар за лица со интелектуална попреченост Порака наша од Куманово со финансиска поддршка од Американски мировен корпус чиј волонтер работеше на подготовка на проектот.

    На настанот поканети се министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски, пратеници од Собранието на РМ , градоначалникот Зоран Дамјановски, советот на општината, амбасадорот на САД во Македонија Пол Волерс, Мировен корпус, УСАИД, невладини организации, донатори и други.