×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Стечајците исполнуваат услови за отпис на долговите

    28.06.2014 09:39 | KumanovoNews

    Над 680 стечајци од Куманово ги исполнуваат условите за отпис на долгови и неплатени обрски за струја и радиофузна такса од страна на државата.

    Стечајците исполнуваат услови за отпис на долговите

    Претседателката на здружението на стечајни работници УНИТ Куманово, Лилјана Георгиевска, ја поздравува одлуката на Владата и се надева дека таа нема да биде селективна и ќе се спроведе онака како што е најавена.

    -  Со оваа мерка ќе бидат опфатени скоро сите нивни членови. Таа многу ќе ни помогне, но таа важи само за долгови направени со 31 декември 2013 година. Оваа година се направени нови долгови, затоа што немаме пари. Ова не е конечно решение за нас, па апелирам до Владата да го усвои нашиот предлог-закон. Така ќе продолжиме сами да си ги плаќаме долговите и парите ќе одат од државата за државата - изјави Лилјана Георгиевска, претседател на УНИТ.

    Таа вели дека во Македонија, околу 6000 стечајци ги исполнуваат условите за отпис на долгови од државата. За да се стекне со ова право, ланскиот приход на семејството не треба да има приходи повисоки од 105.600 денари.