×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Стечајците не му простуваат на премиерот

    01.03.2012 15:39 | KumanovoNews

     Стотина стечајни работници и технолошки вишок денеска протестираа на влезот на Куманово, кај бензинската пумпа на „Макпетрол„ и побараа уште еднаш од Владата да го реши нивното прашање.

    Стечајците не му простуваат на премиерот

    При тоа му порачаа на премиерот дека не му простуваат што со години ги игнорира нивните барања и несака да им го реши социјалниот статус.

    Некни премиерот побара прошка од граѓаните. Од стечајни работници прошка нема, затоа што секој ден на врата ни чукаат извршители и затоа што сме гладни. Прошка ќе добие кога ќе даде некаква сигурност и парче леб- изјави Лилјана Георгиевска претседателка на здружението „УНИТ„.

    Таа најави дека до 10 април ќе поднесат нова Предлог-закон за стечајните работници зад кој ќе застане опозицијата во Собранието. Тврди дека со него ќе се опфатат 95 проценти од стечајните работници, со 15 години минимум работен стаж и старост 50 години за жени и 53 години за мажи.  Георгиевска вели дека тие не го прифаќаат Предлог-законот кој беше најавен од друга група на стечајни работници и ќе го обжалат на Уставен суд, ако не се изготвува во соработка со нив како легитимни претставници на стечајците во Македонија.