Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Стечајните работници денеска протестираа пред Регионалниот синдикат во Куманово, барајќи подршка за решaвање на нивниот статус.
Стечајците сметаат дека синдикатот се дистанцира од нив и не сака да им помогне во остварување на нивните права, иако тие со години се негови членови.
Толку сме ингорирани од нив како воопшто да не постоиме. Поранешното раководство на Синдикатот ни даваше поголем подршка со тоа што ни обезбеди правен застапник кој постојано ги следеше нашите преговори со власта. Откако е Живко Митревски претседател на синдикат, никаква допирна точка немаме со него, ниту една средба. Само што не излажа дека ќе го презентира предлог - законот и тука застанавме. Бараме да дојде овде и да објасни зошто не игнорира- изјави Лилјана Георгиевска, претседател на УНИТ.
Од Регионалниот синдикат велат дека им даваат поддршка на стечајците генерално, но само во рамки на своите надлежности. Тие не сносат вина што предлог - законот за нивното обештетување не помина во Собрание.
Преку економско - социјален совет на градот ние своевремено помогнавме да имаат субвенционирање на стечајците. Тоа се наши ингеренции како синдикат. Меѓутоа тие изгледа бараат нешто повеќе што ние како синдикат не можеме да учествуваме во активностите кои тие секојдневно ги имаат. - вели Миле Спасовски, секретар во Регионален синдикат.
Стечајците најавија порадикални протести за наредниот период.