Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Стечајците незадоволни од игноранскиот однос на власта што трае неколку месеци, најавуваат дека во петок ќе ги блокираат влезот и излезот на Скопје.
Ќе продолжиме да се бориме за нашите права, но овој пат ќе бидеме упорни и нема да отстапуваме без разлика на какви притисоци ќе бидеме изложени.Ни полицијта, ниту пак било кој од политичките претставници и партии нема да не спречат во тоа. Ќе продолжиме подрастично ,и со порадикални мерки да го изразуваме нашиот револт. Досега го блокиравме само влезот на Куманово, но сега најавуваме дека во петок на 24 април од 9 ДО 18 часот ќе ги блокираме сите главни раскрсници во Скопје -рече Љиљана Ѓеоргиевска, претседателка на стечајците во Куманово.