×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Стефан Миленковиќ и „Профундис“ најавија спектакулен концерт во Македонската филхармонија

    19.09.2024 21:32 | KumanovoNews

    Познатиот виолински виртуоз Стефан Миленковиќ утре ќе настапи со македонскиот камерен оркестар „Профундис“ на еден од најочекуваните музички настани за сезоната.

    Стефан Миленковиќ и „Профундис“ најавија спектакулен концерт во Македонската филхармонија

    Миленковиќ ја изрази својата восхитеност од „Профундис“, истакнувајќи ја извонредната уметничка изведба и страста за музиката на оркестарот. 

    „Настапувањето со „Профундис“ ќе биде на мое големо задоволство. Нивната посветеност на совршенството и нивното суптилно разбирање на репертоарот ќе го направат овој настан вистинска прослава на музиката. Не секогаш ние изведувачите ја бираме програмата, ама утревечер, во Филхармонија, тоа ќе биде величенствена класична музика на композитори кои го одбележаа минатиот век“, рече денеска на официјалната прес-конференција српскиот виолинист Миленковиќ.

    Неговата соработкасо „Профундис“ ја опиша како совршен спој, комбинирајќи ја неговата солистичка виртуозност со префинетиот звук на ансамблот. 

    Концертот, кој ќе се одржи во големата сала на Македонската филхармонија, е веќе целосно распродаден, а љубителите на музиката со нетрпение ја очекуваат оваа извонредна соработка.

    Миленковиќ, познат по својата извонредна техника и емоционална длабочина, ќе музицира заедно со Профундис под диригентската палка на маестра Ѓурѓица Дашиќ. Заедно, тие ќе изведат возбудлива, сложена и технички најпредизвикувачка програма која вклучува ремек-дела од композитори како Паганини, Сарасате и Чајковски.

    За програмата, маестра Дашиќ истакна дека утревечер ќе бидат изведени некои од најсложените дела од класичната музика кои се предизвик дури и за најдобрите музичари, но заедно со виртуозот Стефан Миленковиќ и врвните музичари од камерниот оркестар „Профундис“, публиката ќе има единствена можност да ужива во перфектна изведба на овие ремек-дела.