Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Општина Куманово се поднесени 96 барања за обештетување по невремето што го зафати градот пред 10-тина дена. Пријавени се штети на земјоделски површини со насади, како и недвижен и движен имот.
„Пријави се поднесени од повеќе локации во градското подрачје на Куманово, но и од селата Косматац, Шупљи Камен, Зубовце, Биљановце, Четирце, Љубодраг, Романовце, Довезенце, Ново село, Умин Дол, Режановце, Орашац, Речица, Добрашане, Горно Којнаре и Черкези“, соопштија од прес служба на Општина Куманово.
Веќе е формирана комисија која работи на утврдување и процена на штетите.
Обилни врнежи во форма на невреме го зафатија Куманово на 26 јуни, по што беа добиени информации за поплавени куќи, подруми, деловни објекти, дворови, улици, паднати дрвја, а пријавите стигнувале од сите делови на градот.
Општина Куманово надениот ден упати јавен повик до граѓаните да пријават штети на својот имот и сопственост.