Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
М.А.(35) од Штип вчера со автомобил цитроен џампер со кумановски таблички, удрил во пешакот Горица С.(78) од Куманово, по што од повредите старицата починала во Скопје.
Несреќата се случила околу 6.40 часот, на крстосницата меѓу улиците “Страшко Арсовски“ и “4 јули“, зад Тутунскиот комбинат, кога автомобилот удрил во жената. Горица С. се здобила со тешки телесни повреди, по што е пренесена во Општа болница Куманово каде и е укажана помош, но поради сериозноста на повредите е префрлена во Ургентен центар во Скопје, каде во 15.30 часот починала.
Увид на местото на настанот изврши екипа од ЈО Куманово и СВР Куманово.