Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Корисниците на днвниот центар „Порака„ денеска ги посетија членките на организацијата на жените „Нада Михајлова„, каде им подарија Честитки, сувенири и цвеќе по повод празникот 8-ми март.Подароците ги изработиле сами со помош на своите воспитувачки.
Ние секоја година ги пречекуваме претставниците од центарот „Порака„, со цел да ги турнеме предрасудите за оваа категорија граѓани.По нас, со свои активности се вклучија и другите невладини организации и многу ми е драго што почна да им се посветува поголемо внимание.Нашата соработка не застанува тука. За Велгиден ние ќе ги посетиме, да им го честитаме празникот со велигденски јајца - вели Зора Ивановска од Здружението на жени „Нада Михајлова„.
Инаку во Дневниот Центар „Порака„ во тек се активностите и подготовките за Велигден.Тимот од социјални работници и педагози работи со корисниците на повеќе проекти. Се подготвуваат за манифестација „Шарено јајце„,и останати активности повразани со чествување на најголемиот Христијански Празник.