Сточарите аплицираат за субвенции на добиток
06.08.2011 09:23
| KumanovoNews
Околу 70 сточари од Куманово, Липково и Старо Нагоричане поднеле барање за субвенции за добиток.

Од Подрачната единица на Министертвото за земјоделство, шумарство и водостопанство информираат дека рокот за аплицирање е 31 август годинава.
Субвенциите се однесуваат на за обележани грла говеда, кози и овци.
Освен барање, трансакциска сметка и лична карта, земјоделците треба да достават и документ од ветеринарната станица кој ја потврдува бројната состојба на добитокот.