Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Стојанче Величковиќ повторно е поставен на функцијата началник на Секторот за внатрешни работи Куманово- во Биро за јавна безбедност.
„Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека од денеска (27.07 понеделник), согласно постоечките законски одредби за функционирањето на т.н. техничка влада, повторно се вратени на старите раководни функции 14 раководни лица на исто толку организациони единици во министерството, кои беа на овие позиции и пред формирањето на техничката влада“, - соопштуваат од МВР.
Претходно на чело на СВР Куманово беше Антон Витковски како предлог на министерот за внатрешни работи во техничката влада Наќе Чулев.