Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Досегашниот претседател на планинарското друштво “Куманово“ Стојанчо Стефановски ќе го води друштвото и во наредните четири години.
Така одлучија членовите на синоќешното Годишно собрание, на кое се бираше и најдобар планинар за 2014 година. Годинава признанието му припадна на планинарот Раде Трендафиловиќ.
“Критериум по кој се бира најдобар планинар е број на изведени акции, а Раде Трендафиловиќ имаше 40. Имаше јака конкуренција, бидејќи многу од планинарите имаат по 37,38, 39 акции. Нашето планинарско друштво лани реализираше 53 планинарски акции, локални, републички, во Бугарија и слично, а и за 2015 година имаме амбициозна програма и планираме да се искачуваме на Рила, Мусала, Пирин“ - вели Стојанчо Стефановски, претседател на “Куманово“.
Ова планинарско друштво постои од 2006 година и брои 40 членови.