×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • „Стоп за насилство врз женита и девојчиња“, порачаа од Форумот на жени на СДСМ

    09.12.2020 16:12 | KumanovoNews

    По повод глобаланата кампања „16 денови активизам во борба против насилството врз жените и девојчињата“, членките на Форумот на жени на СДСМ Куманово, денеска на градскиот плоштад на граѓаните делеа маски со симболично лого „Не за насилство врз жените и девојчињата“.

    „Стоп за насилство врз женита и девојчиња“, порачаа од Форумот на жени на СДСМ

    Претседателката на Форумот, Соња Тодоровска, вели дека со ваквиот чин сакаат да влијаат на свеста кај жените, да препознаат и да се охрабрат да пријават насилство, за да насилникот биде казнет и да се стави крај на оваа девијантна појава во општеството.

    - Насилството не е начин на комуникација со жената, насилството не е начин на покажување моќ и доминација во семејството, напротив насилството е израз, крик на немоќ и неспособност некои луѓе да ја разберат жената како жена и да и дозволат да ги ужива човековите права. Бројките на светско ниво покажуваат дека секоја трета жена е жртва на некој вид насилство, секоја 10-та жена е жртва на сексуално насилство или на физичко насилство. Овие бројки се показетел дека треба да разговараме за овој проблем секој ден или 365 дена во годината. Ние како Форум на жени даваме максимален придонес за подигање на свеста, за работа на полето на превенција и заштита на жените жртви од насилство, - изјави Тодоровска на денешната прес конференција.

    Таа смета дека насилството не е семејна работа и не треба да биде премолчено, затоа што тоа остава трејни последици кај секоја малтретирана жена.

     Форумот на жени синојка одржал трибина под мотото „Не за насилство врз жени и девојчиња- охрабри се пријави насилство“, на која учествувале  претседателката на Форумот на жени на СДСМ Снежана Калева Ванчевска, министерот Оливер Спасовски, градоначалникот Максим Димитриевски, директорката на Центарот за социјална работа Александра Арсовска и психологот при Општа болница Куманово, Биљана Ивановска.