×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Стотина кумановци вработени преку „Македонија вработува„

    20.06.2015 11:02 | KumanovoNews

    Стотина кумановци веќе се вработени преку владиниот проект “Македонија вработува“, рече министерот за труд и социјална политика Диме Спасов при денешната посета на Куманово.

    Стотина кумановци вработени преку „Македонија вработува„

    На платото пред Центарот за култура “Трајко Прокопиев“, беше поставен штанд за промоција на проектот, а Спасов вели дека Владата и понатаму ќе се бори за секое работно место. Проектот ќе им помогне на младите до 35 години, луѓето од 35 до 50 години кои долги години се неработени, лица над 50 години и ранливите групи.

    “Овој проект продолжува да се реализира во период од една година и очекуваме и во Куманово и во сите општини во Република Македонија, значително проектот да влијае на засновање на нови работни места. Заедно со АВРМ и понатаму ќе продолжиме да го даваме својот максимум, во помагање на сите невработени лица кои сакаат да најдат работа, да ги градат своите вештини и заедно да придонесеме во намалување на невработеноста“ - изјави Спасов.

    Директорот на Агенцијата за вработување на Македонија, Влатко Поповски вели дека преку масовна кампања и караван низ градовите во Македонија, сакаат да ги запознаат граѓаните со можностите на проектот “Македонија вработува„.

    “Да им ги предочиме предностите, каде можат да искористат средства за самовработување, а воедно да биде ослободен од придонеси од една до пет години, зависно која категорија ќе ја користи. Идејата е да до секој граѓанин ја пренесеме пораката дека има можности, има вработувања, но дека треба да се искористат активните мерки“ - објаснува Поповски.

    Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ од Куманово, Зоран Ѓорѓиевски вели дека невработените треба да се обучуваат за да бидат конкурентни.

    “Треба да имаме една поконкурентна млада сила, која кај стратешките партнери кои доаѓаат во околината на Куманово и индустриските зони, ќе можат да бидат поконкуретни на пазарот“ - кажа пратеникот.

    Меѓу присутните имаше и граѓани кои веќе ги искористиле активните мерки за да се вработат. Тие го раскажаа своето искуство.

    “Преку мерката за самовработување сум вработена пред една година. Отворив стоматолошка ординација и имам вработување на сестра до 29 години. Задоволна сум од оваа мерка, затоа што многу помага за почетници. Преминав од приватно во своја ординација“ - рече Емица Младеновска Спасиќ, стоматолог.

    Караванот од “Македонија вработува“ следната недела ќе биде во Тетово, а потоа ќе продолжи низ централна Македонија. Преку проектот досега на ниво на држава се вработени 2300 луѓе за месец и пол. Во меѓувреме невработените можат преку АВРМ да посетуваат обука за општини вештини,  странски јазик и компјутери.