×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Штрајк во сите основни и средни училишта во Куманово

    11.04.2022 14:27 | Сузана Николиќ

    Сите членови на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК), вработени во основните и средни училишта во Куманово денеска стапија во генерален штрајк на своите работни места. Во Куманово штрајкуваат околу 1700 вработени.

    Штрајк во сите основни и средни училишта во Куманово

    Раководителот на Секторот за образование во Куманово Александар Јовановиќ,  вели дека според информациите од директорите помал број на ученици денеска дошле на училиште, но поради тоа што поголемиот број на вработени го поддржуваат штрајкот не се изведува настава.

    „Како општина сакам да упатам апел до СОНК и до Министерството за образование и наука да најдат заедничко решение што поскоро, се во интерес на сите страни“, изјави Јовановиќ. 

    СОНК стапи во генерален штрајк со барање веднаш да се зголемат платите во дејностите образование и детска заштита.

    Тие најавија дека штрајкот ќе продолжи и утре зашто дури и вечерва да има средба со претставници од Владата и да има согласност ќе треба предлозите да одат во процедура кај членството и да добијат овластување за евентуално прекин на штрајкот или одбивање на предлогот.