Струја ќе нема во Ајдучка Чешма и на “Ленинова“
22.07.2014 08:00
| KumanovoNews
Без струја денеска ќе бидат жителите на месноста Елезов Камен во населба Ајдучка Чешма и на “Ленинова“.

Од ЕВН Македонија информираат дека во дел од Ајдучка Чешма струја ќе нема од 8 до 17 часот, а на “Ленинова“ напојувањето со електрична енергија ќе биде прекинато од 8 до 13 часот. Планираните исклучувања се реализираат со цел подобрување на квалитетот на услугите кон потрошувачите.