×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Студенти од Америка играа фудбал во Старо Нагоричане

    21.06.2011 16:02 | KumanovoNews

     Волонтерите од Америка кои преку организацијата „Хабитат“ престојуваат во Куманово, вчера го посетија Старо Нагоричане и се запознаа со културно-историското наследство на општината.

    Студенти од Америка играа фудбал во Старо Нагоричане

    Во нивна чест градоначалникот Миодраг Јовановиќ приреди преим, а подоцна ја посетија црквата „Св.Ѓорѓи„ во Старо Нагоричане. За крај на престојот беше одигран пријателски натпревар во мал фудбал помеѓу екипа формирана од „Дабари без граници“ и локална екипа од Старо Нагоричане-велат од Општината.

    Шеснаесет Американци, студенти на Универзитетот „Орегон Стејт„ дел од организацијата „Дабари без граници“, работат на изградба на куќа во кумановската населба Карпош. Единаесет машки и пет женски веќе  една недела работат да се заврши домот на семејството Стојановски. Тие во Македонија учествуваат во изградба на нови домови за семејства со ниски приходи, кои се градат со поддршка на непрофитната христијанска организација „Хабитат“.  

     При нивниот престој во државата задолжително ги посетуваат културните знаменитости. Во наредните неколку дена тие ќе заминат на мегалитската опсерваторија Кокино, Скопје, Неготино, Стоби и Велес  каде ќе се дружат со дел од семејствата на кои им има изградено куќи предходните години.  Волентерите што доаѓаат од странство, покрај тоа што сами ги покриваат трошоци за престој, сместување и исхрана, даваат лична донација на „Хабитат-Македонија„ и работат на градилиште за да бидат корисни во земјата каде што престојуваат.