Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Од денеска започна аплицирањето за субвенциониран студентски оброк за академската 2024/2025 година, а завршува заклучно со 5 септември. Пријавувањето се одвива он-лајн и важи за сите додипломски студенти запишани на приватните и државните универзитети во земјава.
Рокот ќе тече и од први до петти секој месец за сите оние кои од било кои причини не го оствариле правото за субвенциониран студенстдки оброк.
Апликантите мора да се редовни студенти, да се државјани на РС Македонија, да не се во редовен работен однос или да не се регистрирани како индивидулани земјоделци и не остваруваат месечен приход, по било кој основ поголем од минималната нето- плата“, стои во објавениот конкурс на Министерството за Образование и наука.
Износот кој го добиваат студентите изнесува 140 денари дневно за купување на приготвена храна. Корисниците имаат право услугата да ја користат од понеделник до сабота. Доколку корисникот на субвенциониран студентски оброк во периодот од понеделник до сабота не го искористи правото износот му е достапен на користење на сметката до крајот на тековната седмица, заклучно со сабота.
Правото за субвенциониран студентски оброк корисникот не може да го остварува во периодот од 1 јули до 1 октомври во годината.