×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Субвенции за климатизери, велосипеди и тротинети, најави Ефтимовски

    12.10.2021 21:01 | Сузана Николиќ

    Фотоволтаични системи низ сите општински објекти, субвениции на велосипеди, тротинети, клими предвидува програмата на коалицијата „Одлучно за промени“, на ЛДП и ДОМ. 

    Субвенции за климатизери, велосипеди и тротинети, најави Ефтимовски

    „За нас поразително е Куманово како најголема општина во државата да се дави во отпад и нехигиена. Затоа предвидуваме: поставување фотоволтаични системи низ сите општински објекти,  eнергетско ефикасни објекти во Куманово и субвенционирање на клими, поставување на фотоволтаици во сите средни и основни училишта, градинки и сите јавни објекти“, кажа носителот на листата на ЛДП и ДОМ, Валентин Ефтимовски.
        

    Тој додаде дека ќе поддржат граѓаните со поставување на фотоволтаични системи со субвенции до 60.000 денари до 4 киловати, ќе субвенционираат купување на велосипеди и тротинети, ќе обезбеда ваучери за граѓаните до 50 проценти за велосипеди, но најмногу до 3.000 денари и 50 проценти за тротинети, но најмногу до 6.000 денари

    „Планираме да создаваме 15 мали блоковски паркови, воспоставување катастар на зелени површини и
    ќе определиме точни локации за секој контејнер, односно поставуваме маркици за полесно управување со отпад“, истакна Ефтимовски.

    Утре на платото пред Центарот за култура во 20 часот ќе одржи промоција на кандидатот за градоначалник на иницијативата „Одлучно за промени“, на ЛДП и ДОМ.