×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Судиите сами си купуваат клими

    25.06.2012 06:52 | KumanovoNews

    Судиите во Основниот суд Куманово, летно време работат во неподнослива жештина, поради што еден по еден, почнаа од свој џеб да си купуваат клима-уреди.

    Судиите сами си купуваат клими

    Запурничави ходници и канцеларии, отворени врати и прозорци, вработени и странки кои мавтаат со листови и предмети за да се разладат е сликата во Кумановскиот суд.   

     Судиите и другите вработени се жалат дека во канцелариите немаат уреди за разладување, па неможат нормално да работат на пеколните горештини. Затоа почнаа еден по еден од свој џеп да си купуваат клими. Најнеподносливо е во работните простории на последниот кат на зградата, кои се на јужна страна и под кров, но не е подобра состојбата и на останатите катови.  

    Овде нема услови да се работи туку само може во транс да паднеш од жештина. Јас донесов термометар од дома и ја мерев температурата. Во 11.30 часот изнесуваше 36 степени, ми се слоши и морав да излезам. Во канцеларија сме четворица, имаме и 4 компјутери и печатач. Само кога тие ќе се вклучат грејат како термо печка, а плус и жештината - велат  вработените.

     Судиите кажуваат дека по 10 часот во судот е како во сауна и неможа да се дише, а камоли да се работи. За да си помогнат вработените донеле од дома вентилатори и поставиле завеси на прозорците, но од тоа нема никаков ефект. Затоа почнале сами да си купуваат клими. Мината недела во своите канцеларии вгариле климетизери еден стручен соработник и една судијака, а три судијки го направиле тоа уште минатото лето. И останатите вработени планираат да го сторат истото.

     Ова е веќе страшно, нема друго чаре освен и ние да си купиме килима уреди. Работните простории ни се претопли и се препотуваме како во сауна. Ќе цркнеме од вруќина, цел ден се капеме во зној. Ни се слошува на нас и на странките - вели една судијка.  

     Основниот суд Куманово мината година се реновираше. Се догради катот кај што е најжешко, но се климатизираа само судниците и канцеларијата на претседателот на судот. Останатите работни простории се оставени на природно ладење. Уште тогаш судиите коментираа дека џабе нови маси и столчиња, кога не им вградија клими, бидејќи проблемот со климатизирањето е актуелен со години наназад. Затоа бараат од Министерството за правда да се одобрат сретства за климатизација на работните простории, бидејќи работа под вршник не е возможна.