×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Свечена академија за Денот на ослободувањето

    12.11.2014 11:55 | KumanovoNews

    Свечена академија по повод 70  години од ослободувањето на Куманово се одржа синоќа во младински - културен центар “Козјак“.

    Свечена академија за Денот на ослободувањето

    Пред присутните гости и претставници на општествено-политичкиот живот во градот, беше прикажана презентација за градот, по што настапи хорот “Св.Злата Мегленска“ од Скопје. Обраќања на академијата имаа градоначалникот Зоран Дамјановски, председателот на советот Максим Димитриевски, советниците Валентина Мициќ и Влора Имери, и почесниот граѓанин поранешниот амбасадот Лоренс Батлер. 

    “Ако се свртиме наназад низ сите историски фази на постоењето на нашиот град, особено во оние најтешките, Куманово има еден континуитет, а тоа е неговиот силен, истраен, херојски и слободарски дух. Тоа е нешто што остана непроменето кај луѓето што живеат во овој град и тоа дава сила Куманово, како град кој повеќевековно го градеше својот менталитет, да опстане и во иднина. Тоа е патоказот на овој град дека има уште подобра и посветла иднина, а секоја негова генерација го дава својот допринос, во времето во кое живее,“ - изјави Дамјановски.

     На Свечената академија беа доделени Ноемвриските награди на годинешниве добитници: Славица Крстиќ од Музеј Куманово, Нурије Алији од приватна гинеколошка ординација, Ѓорѓи Спасовски од Катастар, поликлиника “Доктор Ѓоше“, мото клуб “Мечки“, О У“Кочо Рацин“ и Македонски шуми подружница Куманово. Специјални награди градоначалникот додели на Божана Трајковска од Друштво на писатели Куманово и на универзитетскиот професор Ѓорѓи Ѓорѓевски. Ѓорѓевски се заблагодари во име на наградените.

    “Во разговор со наградените стекнав впечаток дека ова е најголемото за нас  признание. Мои кумановци, да бидеме здрави, живи, од Бога благословени, да ги негуваме овие светли датуми без разлика на етничка припадност. Да ја почитуваме различноста меѓу нас. Да си го сакаме Куманово со сите негови специфики и нашата татковина Република Македонија. Со љубов и почит да живее Куманово и Република Македонија“ - кажа Ѓорѓевски.