Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
По повод празникот 11 Октомври, денеска во кружната сала на Комитет свечена седница одржа Сојузот на борците од Куманово.
На седницата присуствуваа членови на Здружение на пензионери Куманово, директори на основни и средни училишта и други локални институции.
„Ова свечена седница ја одржуваме во чест на големиот празник на македонскиот народ 11 Октомври - Ден на македонското востание и Ден на борецот. Ја посветуваме и се постетуваме на учесниците во Народноослободителната и антифашистичката војна, поточно на борците кои го положија својот живот за денешна слобода“, истакна претседателот на Сојузот на борците Цоки Ристевски.
„Тие покажаа колку е тежок и крвав патот до слободата и создавање на слободна и независна држава. Затоа треба да ги чуваме и негуваме придобивките од НОБ, бидејќи со нив можеме да се гордееме и да ја чуваме и браниме нашата Македонија“, потенцираше Рисетвски.
Потсетување на настаните кои се случувале на овој светол ден во 1941 година даде професорот по историја Стефан Петковски.
Денешната седница се надополни со пригодна програма-ученичката Стефанија Мартиновска читаше извадоци од книгата Пиреј на Петре М Андреевски со музичка придружба на гитара на својот соученик Иван Спасовски. Претставничките,пак, од Здружението на пензионерите Куманово Росица Митиќ и Зора Ивановска се претставија со пригодна поезија.