×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Министрите Сали и Спасовски во посета на Општата болница Куманово

    20.04.2022 17:21 | Жаклина Цветковска

    Министерот за здравство Беким Сали и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, денеска, беа во Општата болница Куманово, при што ја посетиа новата котлара на природне гас за затоплување на болничкиот комплекс, која е инсталирана со средства од Владата.

    Министрите Сали и Спасовски во посета на Општата болница Куманово

    „Оваа болница е многу важна затоа што ги покрива здравствените услуги на околу 200.000 жители. Гасификацијата и централно поврзаниот систем ќе го намалат загадувањето, а во исто време ќе значат и заштеда на финансиски средства кои болницата ќе може да ги вложи во други проекти“, рече министерот Сали при денешната посета на оваа установа.

    Директораката на Општата болница Куманово, Снежана Захариева , посочи дека со пренамената на затоплувањето од мазут на гас, конечно оваа здравствена установа ќе се тргне од листата на загадувачи.

    „Оваа болница е најголема во државата и единствена во Североисточниот регион, заради што сме благодарни на Владата и Министерството за здравство за помошта што ни ја обезбедија за да може да имаме еколошко затоплување“, истакна Захариева.

    Со Министерот за здравство било разговарано за работата на болницата, за потребите од медицинска апаратура, за инфраструктурните и кадрови проблеми. Тој го посети и Одделот за интерни болести.

    Министерот Сали најави и голема набавка на медицинска опрема преку кредит од Светска банка со која е планирана апаратура и за Општата болница Куманово, меѓу која мамограф и друга компјутерска опрема за дијагностика. Веќе е подготвен и проект за довод на медицински гасови кој треба да се реализира во понатамошниот период.

    На свеченото промовирање на гасификацијата присуствуваше и министерот Спасовски кој истакна дека секогаш е тука да помогне за подобри здравстрвени и дуги услови за граѓаните од Куманово и регионот.