×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • „Свети Трифун“, некогашна еснафска слава на угостителите во Куманово

    14.02.2020 12:16 | KumanovoNews

     Угостителите од Куманово масовно и мошне свечено ја прославувале својата слава „Свети Трифун“, во периодот помеѓу двете светски, за време на Кралството Југославија.

    „Свети Трифун“, некогашна еснафска слава на угостителите во Куманово

    На 14 фебруари секоја година, секој од нив со свој продонес помагал да подостојно да се одбележи славата.

    Интересно е да се забележи дека Скопската пивара, која својата работа ја започнала во 1924 година, за секој празник на кафеџиите, или кога се одржувало годишното собрание на еснафот, до Угостителската комора на Куманово донирала гратис по 2 хектолитри пиво.

    Oсвен Скопската пивара за „Свети Трифун“ редовно помагала и Лесковачката пивара. По еден сочуван список од 1921 година се гледа дека 106 членови на Механџиско кафеџискиот еснаф за прославата на „Свети Трифун “ собрале 1044 динари, а прославата се организирала во една од градските кафеани.

    Инаку, долго време, и во најголем број на случаеви, во кумановските кафеани најчесто пиење било виното и ракијата, и тоа најчесто од домашното производство. По наши сознанија ракијата, посебно сливовата била доминантна во кумановската кафеана се до шеесетите години на 20 век. Како што велат во „Бисерка“ таа се набавувала главно од Србија. Помала потрошувачка имала клековачата, а симболична била потрошувачката на коњакот.

    По Втората светска војна, поради атеистичкиот карактер на новата власт, била прекината долгогодишна традиција на кумановските хотелиери, меанџии, гостилничари, кафеџии, анџии и сите оние што точат пијалоци, во прослава на својата еснафска слава „Свети Трифун“.

    (Дел од публикацијата „Кумановска кафеана“ од Димитар Масевски објавена во јубилејнот број на списанието „Корени“ бр.50)