Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Занаетчискиот дом во Куманово утре /петок/ со почеток во19 часот ќе се одржи Светосавска академија, по повод „Свети Сава“ националниот празник на Србите во Македонија.
Организатор на академијата е Српската заедница од Македонија, одбор Куманово. Предвидена е богата културно-уметничка програма на која ќе настапат: Игор Мировиќ, поет и книжевник, Дејан Лилиќ, актер, групата Искон, академските музичари Неда Николиќ и Благојче Трајчевски, Бранка Зечевиќ и КУД „Српски вез“.
Се очекува на академијата да присуствуваат гости од Република Србија, Република Српска, градоначалникот на Куманово, амбасадорката на Србија во Македонија, како и гости од градот.