Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На магистралниот пат Кратово кај м.в. „Гардиште“ атар на с.Којково, поради свлечиште на земја и камења сообраќајот се одвива по една коловозна лента за автомобили, а за камиони е забранет, информираат од Авто мото сојузот на Македонија.
Во општина Крива Паланка, регионалните патни правци кон селата Огут и Луке, како и локалните патни правци кон селата во планинскиот дел, заради висината на снежната покривка (50 – 60 см) се непроодни. И локалниот пат кон село Дренак е непроден од с.Дурачка Река во должина од околу 7 км.
Во општина Ранковце, регионалниот патен правец кон с.Герман, поради новите врнежи од снег е непрооден. Според информациите добиени во АМСМ од Ј.П. Македонија пат, сообраќајот на останатите државни патишта се одвива по влажни коловози.