Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во текот на викендот полициски службеници од СВР Куманово спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните знаци и прописи.
Притоа на подрачјето на Куманово санкционирани се 54 возачи кои управувале возило со брзина поголема од пропишаната, 5 под дејство на алкохол, 4 управувале возило без возачка дозвола и 7 за непрописно престигнување.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.