×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • СВР: За новогодишните празници да не возите пијани

    30.12.2014 11:10 | KumanovoNews

    Граѓаните за дочекот на Новата година да се воздржат од прекумерно конзумирање на алкохол, и да не возат во алкохолизирана состојба, апелираат од отсекот за превенција при СВР Куманово.

    СВР: За новогодишните празници да не возите пијани

    Доколку пијат алкохол да користат јавен превоз, за да не ја загрозуваат сопствената и безбедноста на другите.

    “Празници се, секој сака да прослави и често посегнува по чашка алкохол. Тоа го одвлекува вниманието и пречи при управувањето на патничките моторни возила. Кога конзумираме алкохол да не управуваме возила или кога возиме да се воздржиме од употреба на алкохол, или ако веќе се користи да се оди со јавен превоз, такси превоз или некој друг да го направи тоа наместо нас. Посебно апел до малолетните лица, дел од нив законски можат да имаат возачки дозволи или родителите да им дозволат  да возат. Доколку немаат возачка да не седнуваат зад волан, ако се возачи почетници да ги почитуват законските одредби со 23 часот да имаат со нив поискусен возач“ - изјави Виолета Богдановска од отсек за превенција при СВР Куманово.

    За управување на возило без возачка дозвола следува казна од 400 евра, за нерегистрирано возило е 500 евра и за возење во алкохолизирана состојба од 300 евра па нагоре.